
Во СВР Скопје во петокот било пријавено дека на улицата „Индира Ганди“ настанал пожар во куќа сопственост на Н.В. на 36 години, при што била опожарена една соба и влезот од куќата.
Како што соопштија од МВР, во пожарот со повреди се здобиле Н.В. и К.Џ. и двајцата на 40 години и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им биле констатирани телесни повреди.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид извршила екипа од СВР Скопје.