Бајден му изрази загриженост но и поддршка на Нетанјаху, Абас го предупрди да престане со ракетирањата

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата вечерта во телефонски разговор на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му изразил голема загриженоста ескалацијата на насилствата и безбедноста на новинартиа, потврдувајќи го „правото на Израел да се брани од напаите од Хамас“, додека претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, го предупредил да престане со ракетирањето на израелската територија.

„Претседателот (Бајден) ја потврди поддршката за правоти на Израел да се брани од ракетните напади од Хамас и другите терористички групи во Газа… и ги осуди неселективните напади врз градови ширум Израел“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Бајден, исто така, изразил „голема загриженсота и околу насилствата меѓу заедниците во Израел“, доавајќи дека „оваа моментална фаза од судирот трагично ги чинеше животи и израелските и палестинските цивили, вклучително и децата“.

Американскиот претседател разговарал и со Абас, првпат откако влезе во Белата куќа, порачувајќи му дека Хамас мора да престане со ракетните напади кон Израел, потврдувајќи ја приврзаноста на САД на регулирање на палестинско-израелскиот конфликт преку преговори и врз основа на мирниот соживот на две држави.

САД движењето Хамас, кое од 2007 година ја презема целосно власта во палесинската енклава Појасот Газа, протерувајќи ги ривалските движења, вклучително и на претседателот Абас, го сметаат за терористичка организација.

Решението со две држави е „најдобриот пат да се дојде до праведно и трајно решение“ на судирот додал Бајден кој во петокот во регионот испрати специјален претставник за да работи на смирување на ескалацијата.