САД подготвени да им помогнат на Израел и Палестинците доколку побараат прекин на огнот

Соединетите држави го известиле Советот за безбедност при Обединетите нации за тоа дека се подготвени на Израел и на Палестинците да им прижат поддршка доколку побараат прекин на огнот.

„САД неуморно преку дипломатските канали се обидуваат да го запрат овој судир, бидејќи веруваме дека Израелците и Палестинците имаат подеднакво право да живеат безбедно“, изјави американската амасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд во Советот за безбедност.

Додека Советот за безбедност при ОН го одржуваше својот прва состанок отворен, по двата затворени за јавноста минатата седница по барање на САД, изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „израелската кампања против Хамас ќе продолжи со полна сила“.

Силниот израелски сојузник САД се изолирани во Советот за безбедност при ОН поради приговорот на јавната изјава на Советот за најголемото насилство во палестинско-израелскиот конфликт по 2014 година, бидејќи сметаат дека може да наштети на заткулисната дипломатија.

„Ги повикуваме САД да ја преземат одговорноста, да заземат праведен став и со мнозинството на меѓународната заедница да го поддржуваат Советот за безбедност во ублажувањето на ситуацијата“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, кој претседаваше со неделниот состанок.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изајви дека светската организација „активно ги ангажира сите страни за прекин на огнот“ и ги повика да „овозможат интензивирање и успех на напорите за постигнување мир“. Настојувањата на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати досега не дадоа никаков успех.

Вашингтон во регионот испратија специјален претставник, а претседателот Џо Бајден одделно телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас.

„Во сиве овие ангажмани со израелските функционери, Палестинската управа и регионалните прартнери, САД јасно порача дека се спремнни да прижат поддршка и добри услуги доколку страните побараат прекин на огнот“, истакна Томас-Гринфилд.

 

Размени на обвинувања

Бројот на жртвите во палестинската енклава Појасот Газа во седумдневните судири се искачи во неделата пред вечерта на 188 од кои 55 се деца, како резултата на интензивнти изреалески воздушни и артилериски удари.

Во нападите со околу 3.000 ракети истрелани од Појасот Газа од исламистичкото движење Хамас и другите милитантни групации, во Израел загинаа десет лица, од кои две се деца.

„Секогаш кога Израел ќе слушне како странски челник зборува за своето право на одбрана, дополнително се охрабрува и нааму да убива невини семејства во сон“, изјави палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малик на виртурлениот состанок на Советот за безбедност при ОН.

Изреалескиот амабсадор во ОН, Гилар Ердан, изјави дека „одговорот на Израел на неселективните напади од Хамас строго се придржувал до меѓународното право“, како и дека „Израел презема големи чекори кон спречување на зголемувањето бројот на цивилните жртви“.

„Израел ги користи ракетите со цел да ги заштити своите деца. Хамас ги користи децата за да ги заштите своите ракети“, истакан Ердан.

Специјалниот пратеник на ОН за Блискиот исток, Тор Венесланд а повика меѓународната заедница „веднаш да преземе акција за да им се овозможи на Израел и Палестина да се повлечат од работ“.