
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, a вкупно 203 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 6 приеми. Во ковид-центрите на Интерните клиники се лекуваат 54 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.
Во ковид-центарот во Гратската општа болница „8-ми Септември“ имало 7 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во ГОБ „8-ми Септември“ има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 70 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.
Вкупно 203 пациенти потврдени и сомнителни за Covid-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 180 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.