
Снимките на кои можеше да се слушнат говорите на делегатите кои ја критикуваа работата на СДСМ откако утрово беа објавени, сега веќе не може да се најдат на социјалните мрежи.
И покрај јавната заложба на Зоран Заев вчера дека ќе се почитува и охрабрува различното мислење, сепак, снимките се избришани.
Дали за тоа имало притисоци од раководството на СДСМ не може да се потврди, но јасно е дека некој имал за цел, дел од затворената сесија на конгресот на СДСМ да се појави во јавност.
Но, по неколку часа снимките се појавија на социјалната мрежа Твитер.
Шеќеринска контра Заев!!
Далеку од камерите и микрофоните, Шеќеринска отворено зборува за проблемите во СДСМ и Заев. Слушнете што се случуваше во затворениот дел од Конгресот.#РеформиВоСДСМ#ОставкаНаЗаев pic.twitter.com/vucz3tP1g6
— Реформи во СДСМ (@reformivosdsm) May 17, 2021
Куманово против Заев
Борис Станковски од ОО СДСМ Куманово на затворениот дел од Конгресот на СДСМ: “состојбите ескалираат во партијата. Раководството го елиминира градоначалникот Максим од Централниот одбор, сами си ги редите членовите на ЦО….”https://t.co/hp41iujEX0
— Реформи во СДСМ (@reformivosdsm) May 17, 2021
Заев направи катастрофална грешка со тргањето на Стојко Пауновски
Еве што СДСМ мисли и говори во затворениот дел од конгресот. Сдсм врие.
Владимир Митревски делегат, ОК Центар- го разрешивте Стојко Пауновски зошто работеше според закон, тоа е катастрофална грешка#реформивоСДСМ pic.twitter.com/TfQsOzKI2s
— Реформи во СДСМ (@reformivosdsm) May 17, 2021