Се вакцинирав, се чувствувам одлично, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку Фејсбук информира дека денеска во вакциналниот пункт во Куманово се вакцинирал со првата доза од вакцината на „Синофарм”.

„Се чувствувам одлично и се враќам на работните обврски. Ве охрабрувам сите да го сторите истото, доколку сѐ уште не сте регистрирани, пријавете се на веб-страницата www.vakcinacija.mk – само со масовна имунизација ќе постигнеме колективен имунитет, тоа е единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот“, напиша Спасовски.