
На 26. конгрес на СДСМ, којшто се одржа вчера, местото на Радмила Шекеринска го зазеде Сања Лукаревска, која беше изгласана за втора заменик-претседателка на партијата. Освен Лукаревска за заменик на Заев, беа избрани и Венко Филипче и Фатмир Битиќи за нови потпретседатели на местото на Коста Петров и Мухамед Зекири.
Иако Шекеринска упати јавно честитка за изборот на новото раководство, таа на конгресот изрази и критики за досегашните делувања на партијата.
„Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка. А тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да и помогне, само ќе и’ одмогне на партијата“, рече Шекеринска.
Аудио снимката може да ја слушнете ТУКА
Шеќеринска контра Заев!!
Далеку од камерите и микрофоните, Шеќеринска отворено зборува за проблемите во СДСМ и Заев. Слушнете што се случуваше во затворениот дел од Конгресот.#РеформиВоСДСМ#ОставкаНаЗаев pic.twitter.com/vucz3tP1g6
— Реформи во СДСМ (@reformivosdsm) May 17, 2021