Бостон избори доигрување во НБА лигата, Индијана ги надигра Шарлот

Кошаркарите на Бостон Селтикс се пласираат во плејофот откако ноќта кон средата со 118:100 ги победија Вашингтон Визардс, а до победта ги водеше Џејсон Тејтум кој постинга 50 коша од кои 32 во второто полувреме.

Кемба Вокер додаде 29 коша за Бостон, кој загуби пет од последните шест натпревари во регуларниот дел од сезоната, но сега го зазема седмото место во Источната конференција. Во првиот круг од доигрувањето Селтиск ќе ираат против второпласираниот тим на Истокот, Бруклин Нетс.

Вашингтон има уште една шанса за пласман во плејофот, во четвртокот навечер ги дочекува Индијана Пејсерс во борбата за осмото место во Источната конференцијаа дуел против Филаделфија 76ер во првиот круг од доигрувањето.

Бредли бил постигна 22 коша за Визардс, а Расел Вестбрук 20 поена со 14 скокови и 5 асистенции. Вашингтон водеше со 56:55 на почетокот на третата четвртина пред Селтикс да експлодираат со 14 последователни поени во серијата 19:2. Најголем проблем на Визардс на овој меч беше шутот за три поена, постигнаа само 3 од 21 обид.

Во вториот синоќешен натпревар Индијана Пејсерс беа убедливи против Шерлот Хорнетс со 144:117, рутински решавајќи го дуелот иако стартуваат без неколку од играчите од почетната петорка кои беа неизвесни за настап.

Пејсерс уште по првото полувреме имаа огромна преднот од 69:45, којашто до крајот само ја одржуваа и зголемуваат до конечните 27 разлика.

Кај Индијана играта ја диктираше Домантас Сабонис, кому на крајот му недостигаше една асистенција за „трипл-дабл“, остварувајќи 14 коша и дури 21 скок. Одлично го следеа најефикасниот Ошеј Брисет со 23 и Даг Мекдермот со 21 кош, додека двоцифрени бнеа и Џеј Маконел со 17, Малком Брогдон со 16, Келан Мартин со 14 и Џастин Холидеј со 13 поени. Кај гостите од Шарлот се истакна Мајлс Бриџис со 23 поени.

Вечерва ќе се соочат екипите од Западната конференција: Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс ќе решаваат за седмото место, а поразениот од овој меч ќе се обиде да го одбрани осмото место во конференцијата против подобриот од дуелот меѓу Мемфис Гризлис и Сан Антонио Спарс.