Руската Дума го поддржа законот за прекин на договорот „Отворено небо“

Долниот дом на рускиот парламент едногласно во средата ја прифати одлуката за официјално повлекување на Русија од договорот „Отворено небо“, изгласан само неколку часа пред закажаната средба на шефовите на дипломатиите на Русија и на САД.

Договорот „Отворено небо“ е меѓународен договор од 1992 година кој овозможува контрола и проверка на воените движења и мерките за ограничување на вооружувањето на земјите потписнички и дозволува невооружени надгледувачки летови над зејите потписнички.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ги повлече САД од овој договор во ноември 2020 година, обвинувајќи ја Русија дека го крши договорот. Москва отфрли какви и да се нарушувања од своја страна и во јануари најави дека ќе се повлече од договорот, доколку новиот американски претседател Џо Бајден не донесе поинаква одлука. Москва тогап порача дека ќе се повлече од договорот шест месеци откако официјално ќе ги извести за тоа другите земји потписнички на договорот, освен доколку во меѓувреме не добие информации кои може да ја предомислат.

Москва се обидуваше од другите држави потписнички, особено од западните земји да добие гарабнции дека разузнавачките податоци собрани на овој начин нема да бидат споделувани со Вашингтон, но досега не добила такви уверувања.

Гласањето во Думата се случи неколку часа пред првиот состаник на шефовите на дипломатиите, Сергеј Лавров и Ентони Блинкен на маргините од министерскито состанок на Арктичкиот совет на Исланд кој се доживува на увертира за самитот на нивните претседателот Владимир Путин и Џо Бајден, веројатно во јуни во Швајцарија.

Пред гласањето во Думата заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Мисква „јасно им предочи на Американците дека доколку има конструктивно решение (…) Мосвка би можела да размисли за останување во договорот“.

 

За договорот

Договорот „Отврено небо“ го предложил уште во 1955 година тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер. Поптишан е во 1992 година, а неговата примена започна во 2002 година, од страна на 35 земји кои дозволуваат на невооружени трански летала надзор над нивната територија. Заедно со изготвување на Договорот за конвеционалните вооружени сили во Европа и Виенскиот документ од 1999 година, со стапувањето на сила на догворот „Отворено небо“, беше речиси заокружен процесот на градење доверба и транспарентност во сферата на конвенционалното оружје во евроатлантскиот регион.

Во практична смисла, овој договор им дава право на земјите потписнички да изведуваат набљудувачки летови над териториите на другите земји за следење на воените активности во согласност со договорените во него и договорените квоти на набљудувачките мисии. Договорот ги регулира летовите, го дефинира механизмот за следење на усогласеноста со договорот, содржи брања за типот на авионите, ограничувања во составот и техничките параметри на опремата за надзор.

Членки на договоро, покрај САД и Русија, сега се Белорусија, Белгија, БиХ, Бугарија, Велика Британија, Данска, Канада, Чешка, Естонија, Финска, Гранција, Грузија, Германија, Грција, Исланд, Италија, Казахстан, Латвија, Литванија, Лускембург, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Хрватска, Шведска и Шпанија.