
Освен натпреварот со Словенија на 1-ви јуни, македонската фудбалска репрезентација, пред настапот на Европското првенство, ќе одигра уште еден пријателски меч и тоа со селекцијата на Казахстан.
Натпреварот ќе се игра во Скопје, и тоа на 4-ти јуни.
Ова е според правилата на УЕФА. Имено мора секоја репрезентација да одигра најмалку два пријателски меча пред континенталниот шампион.
Македонската селекција својот собир ќе го има на 25-ти мај.
За Македонија ЕУРО започнува на 13-ти јуни со настапот во групната фаза против Австрија, потоа на 17-ти јуни со Украина, овие два меча се играат во Букурешт, додека на 21-ви јуни играме со Холандија во Амстердам.