Починаа 16 лица од ковид-19, најмладиот на 47 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 50 новозаболени со ковид-19, 133 лица се водат како оздравени, додека битката со вирусот ја загубиле 16 лица.

Според информациите направени се 2.533 тестирања, а новозаболените се регистрирани во Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.

Како оздравени се водат 133 пациенти и тоа од Скопје – 58, Куманово и Прилеп – по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2, Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72, 77, 84 и 85), три лица од Куманово (61, 62 и 81) и по едно лице од Скопје (70), Прилеп (68), Виница (73), Струмица (67), Велес (70), Кочани (75), Струга (70), Неготино (47) и Македонска Каменица (70). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 14 во болнички услови.

Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-237, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово – 18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–85, МАНУ-89, Жан Митрев (Филип Втори)-245, Авицена-336, Биотек-377, Систина-255, лабораторија Лаор-176, Синлаб-51, Ремедика-47, Плодност–28, Генеа–21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 404.

Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 68.344, активни 1.204, Куманово 8.795, активни 287, Прилеп 8.280, активни 130, Тетово 7.196, активни 109, Битола 6.282, активни 213, Велес 5.463, активни 74, Гостивар 5.162, активни 54, Кавадарци 5.149, активни 41, Охрид 4.993, активни 188, Штип 4.956, активни 58, Струмица 4.105, активни 83, Струга 2.976, активни 70, Кочани 2.781, активни 51, Кичево 2.544, активни 78, Гевгелија 2.190, Активни 29, Неготино 2.182, активни 23, Свети Николе 1.521, активни 38, Ресен 1.233, активни 39, Крива Паланка 1.219, активни 8, Радовиш 1.149, активни 62, Берово 1.027, активни 6, Делчево 970, активни 30, Дебар 939, активни 6, Виница 875, активни 47, Пробиштип 789, активни 15, Валандово 665, активни 6, Богданци 493, активни 5, Крушево 488, активни 22, Демир Хисар 397, активни 20, Демир Капија 396, активни 1, Кратово 374, Активни 22, Македонски Брод 358, активни 3, Пехчево 267, активни 2, Македонска Каменица 247, активни 16 и Дојран 132, активни 0.