
На 19.05.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Д.З.(24) од Штип, поради сомнение дека околу 17:55 часот во продажен објект на ул.,,Борис Крајгер“ во Штип, извршил кривично дело „кражба“ на паричник со пари, накит и документи од Е.Т.(35) од Штип.
Од страна на полициски службеници украдениот паричник со предметите бил одземен и вратен на Е.Т.
По комплетирање на случајот против Д.З. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.