
ВМРО ДПМНЕ нуди решенија за подобро здравство и вистински реформи во образованието во Република Македонија, истакна Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ кој денеска беше во посета на Гевгелија каде што се сретна со здравствените и просветните работници.
-Здравствените и просветните работници се разочарани од доцнењето на вакцинацијата, но и од тоа што сега граѓаните на Гевгелија за да се вакцинираат мора да патуваат 100 километри во еден правец бидејќи власта не е способна и нема слух за отварање на вакцинален пункт во Гевгелија, вели Мицкоски.
Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ погрешните политики на СДСМ го погодија и целиот образовен систем во Република Македонија, започнувајќи од неуспешниот обид за пуштање во употреба на платформата за далечинско учење, па се до новата образовна концепција на Мила Царовска.
-Ние како ВМРО ДПМНЕ нудиме решенија за подобро здравство и вистински реформи во образованието во Република Македонија, смета Мицкоски.