
Градот Куманово според најавите ќе добие модерен стадион и ќе се обиде да го врати фудбалот на стариот пат во градот кој долго време немал претставник меѓу најдобрите.
Веста ја соопшти Мартин Костовски, пратеник во собранието на Македонија и претседател на владејачката партија во Куманово. Тој истакна дека после 20 години Градскиот стадион е вратен во сопственост на Општина Куманово и дека ќе се работи на него.
Според актуелните информации, моментално стадионот е во премногу лоша состојба, а Општината во наредниот период ќе има можност да изврши реконструкција со дополнителна доградба на стадионот.
Се работи за идејно решение за модерен фудбалски стадион со три трибини и капацитет од 5.000 гледачи. Со овој проект, Куманово сака да го врати фудбалот повторно на голема врата.
