
Кошаркарите на Филаделфија 76ерс ги совладаа Вашингтон Визардс со 125:118 во првиот натпревае од првиот круг на доигрувањето за првак во Источната конференција на НБА лигата, одиграна во неделата во Филаделфија.
Тобијас Харис со 37 коша беше најдобар стрелец кај домашните, а на тоа додаде и 6 скокови. Џоел Ембид додаде 30 поени со 6 скокови, Сет Кари постигна 15 коша, а Бен Симонс подели 15 асистенции со шест поени за првите носителите во Источната конференција.
Најдобар кај Визардст беше Бредли Бил со 33 коша, 10 скокови и 6 асистенции. Расел Вестбрук врза 16 поени и 15 асистенции, а Дејвис Ветанс додаде 14 поени.
За Сиксер ова беше првата победа во плејофот во последните две години, извојувана во меч во кој гостите неколкупати опасно се приближија, но на крајот ги чинеше непрецизноста за ударите за три поена, како и слабата реализација на слободни фрлање во финишот.
И вториот натпревар од серијата до четири победи ќе се игра во Филаелфија, ноќта кон четвртокот во еден часот по средноевропско време.