
Хокеарската селекција на САД му нанесе убедлив пораз на големиот ривал соседот Канада, совладувајќи ги со 5:1 (1:0, 3:0, 1:1), во дуелот од второто коло од Групата Б на Светското првенство во Рига.
Како и претходно во саботата Чешка, и за Канада ова е првпат во историјата на светските првенства да ги загуби двата воведни натпревара. Сепак, треба да се одбележи дека најдобрите светски селекции настапуваат без своите најдобри хокеари кои во овој период играат за најдобрите екипи кои се борат во разигрувањето за титулата во американско-канадската професионална НХЛ лига.
За американската репрезентација двоен стрелец беше Тревор Мур во 24 и 39, а по еден погодок постигнаа Џејсон Робертсон во 8, Адам Кленденинг во 22 и Мет Тенисон во 58 минута. Првиот погодок за Канада на ова светско првенство го постигна Максим Контоа во 44 минута. Канаѓаните во саботата беа поразени со 0:2 о домашната Латвија.
Казахстан дојдоа до втората победа во изведувањето на најстрогите казни во делот со домашната Литванија. Во регуларниот дел мечот заврши без побеник 1:1, а по изведувањето на ударите кои во хокејот се сметаат за најстрога казна подобар беше Казахстан со 3:1.
Три бода освои и Норвешка која со 4:1 ја победи Италија.
На табелата на Групата Б води Германија со шест бодови, а по четири имаат Казахстан, Латвија и Финска, САД и Норвешка имаат по три бода, а без бодови се Канада и Италија.
Во последниот дуел од второто коло во неделната програма од Групата А, Швајцарија со минимални 1:0 ја совлада Данска, а стрелец беше Тимо Мејер во 14 минута.
Велија Британија беше совладана од фаворитот Словачка со 1:2 (0:1, 1:1, 0:0), додека Белорусија со голот на Герман Нестеров во првата минута од последната третина ја изненади Шведска
Швајцарците со максималните шест бодови се израмнија со Русија и Словачка на врвот на табелата
Во понеделник во дуелите од третото коло во Групата А се среќаваат Словачка – Русија и Чешка – Белорусија, одека во Групата Б, Латвија – Италија и Германија – Канада.