НБА: Треј Јанг во последната секунда ѝ ја донесе победата на Атланта

Со кошот на Рејфорд Треј Јанг во последната секунда од натпреварот Атланта Хоукс во „Медисон Сквер Гарден“ ноќта кон понеделникот ги совладаа домашните Њујорк Никс со 107:105 во првото коло од доигрувањето во Источната конференција на НБА лигата, и поведоа со 1:0 во серијата до четири победи.

Треј Јанг 13 од своите вкупно 32 коша на мечот постигна во последната четвртина, а во неговиот тим го следеа српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ со 18, Лу Вилијамс со 13 и Џон Колинс со 12 поени.

Хрватскиот кошарка Бојан Богдановиќ, пак, одигра одличен меч за Јута Џез постигнувајќи 29 коша, но тоа не беше доволно за победата на неговиот тим во првиот дуел од плејофот во Западната конференција, Мемфис Гризлос кои во плејофот влегоа низ „плеј-ин“ победувајќи ги Сан Антониот Спар и Голден Стејтс, на крајот славеа со 112:109.

На почетокот од последната четвртона Мемфис имаа 17 поени предност (94:77), но благодарејќи на Богдановиќ, кој постигна 20 поени во последната делница, Јута имаше шанса да дојде и до побнедата. На 32 секунди до крајот домашните беа во заостанување од 104:110, но Богдановиќ тогаш погоди пет слободни фрлања и Јута на 6,4 секунди пред крајотдоје до „минус еден“ (109:110). Потоа, најдобриот играч на Мемфис, Дилон Брукс погоди за водство од 112:109, а на Јута им останаа 4,3 секунди за последниот напад, Топката повторни беше додадена до Богдановиќ, кој неупешно се обиде да реализира „тројка“ од невозножна позиција, па така Мемфис приредија големо изненадување поведувајќи со 1:0 во серијата до четири победи.

Покрај Богдановиќ со 29 поени постигнати со 50-процентна реализација, 5 скокови и 2 украдени топки, кај Јута се истакнаа Мајк Конли со 22 коша и 11 асисетнции, а францускиот центар Руди Гобер впиша 11 поени и 15 скокови.

Јута настапи без својот најдобар стрелец Донован Мичел, кој ги порпуштио 16-те последни натпревари од лигашкиот дел на сезоната поради повреда на зглобот. Во неделата изјави дека е подготвен и дека ќе игра, но лекарскиот тим на Џезерите не му одобри.

Екипата на Мемфис Гризлис ја предводеа Дилон Брукс со 31 и Џа Морант со 26 коша.

Претходно во неделата вечерта Феникс Санс на свој паркет ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 99:90 во првиот натпревар од првиот круг на доигрувањето во Западната конференција.

Филаделфија 76ерс, пак, со 125:118 беа подобри од Вашингтон Визардс во првиот меч од првиот круг на доигрувањето во Источната конференција.