
Здружението “Правда на штедачи” утре 25.05.2021 со почеток во 08.00 часот повторно ќе одржи собир пред Уставниот Суд, на кој ќе се одржи и прес конференција со почеток во 09.00 часот.
Главна причина за собирот е давање на финална поддршка на судиите за донесување на конечна одлука по иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки.
Повеќе детали ќе изнесеме на самата прес-конференција на која се поканети сите медиуми да присуствуваат. БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА, велат штедачите.