Фон дер Лајен: Економската соработка ЕУ-Русија станува се потешка

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, истакна дека економската соработка меѓу ЕУ и Русија станува се потешка.

-Жал ми е што многу наши обиди во текот на многу, многу години … да ги подобриме односите со Русија не постигнаа успех што беше можен – изјави Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија, која зборуваше на маргините на Европскиот совет во Брисел, ја истакна сериозната потреба за модернизација на руската економија. Таа ја истакна силната зависност на Русија од приходите од извоз на енергенси и, во исто време, неподготвеност на руските власти конструктивно да соработуваат со ЕУ.

-Планирам нови предлози за Русија, вклучително и во врска со проектот за гасоводот „Северен поток 2“ – објави Фон дер Лајен.

Таа истакна дека за различни опции ќе се дискутира во извештајот за односите на Брисел со Москва, што ќе биде објавен на крајот од следниот месец.