
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 25 до 33 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната до 33 степени.