Нов вид на коронавирусот од непознато потекло откриен во Бразил

Научните истражувачи од Универзитетот во Сао Паоло откриле нов вид на коронавирусот SARS-CoV-2, пренесува во средата медиумската мрежа Globo повикувајќи се на претседателот на Бразилското здружение за вирологија, Жоао Песоа Араужо Жуниор.

„Варијантата P4 е од непознато потекло. Прво беше откриена во приомерок од Мокока, општина во Сао Паоло, по што стана широко распространета во Порто Фереира. Сѐ уште не е можно да се утвди дали е позаразна или поопасна од оригиналниот вирус“, се наведува во написот.

Кај варијантата P4 е идентификувано заедничко потекло со ткн „бразилски“ соеви P1 и P2, како и „филипинскиот“ сој P3, односно сите тие припаѓаат на линијата означена како B.1.1.28.

Според Араужо Жуниор, извонредно важно е да се препознае постоењето на новата варијанта.

„Се распростанува во средините во коишто доминираат P1 и ‘британскиот’ сој, но ние сме многу загрижени поради неговото брзо ширење“, додава бразилскиот виролог.

Бразилските научници податоците ги предале во GISAID, меѓународната иницијатива за слободен пристап до информациите за геномите на грипот и коронавирусот.