
Во Полска се организира лотарија со добивка до милион злоти, односно 274.000 американски долари, за да ги охрабри своите граѓани да се вакцинираат против Covid-19, изјави синоќа министерот за имунизација Михал Дворчик
Според него, речиси 69 отсто од полските граѓани се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат, но најголемиот проблем е да се осигура дека ќе го сторат тоа. Дворчик потсети дека истакнати спортисти и актери биле вклучени во кампањата за вакцинација.
„Освен овие традиционални форми, ние го даваме овој дополнителен предлог“, истакна Дворчик.
Предвидени се награди и за првите петстотини општини од 100.000 злоти (27.397 долари), кои имаат 78,5 отсто имунизирани.
Дворчик наведе дека владата одвоила повеќе од 31 милиони евра за лотарија, која ќе започне на 1-ви јули.