
Додека граѓаните собираат потписи за организирање референдум против дигитализација на учебниците, Царовска упорна во своите намери не се откажува од реформата која предвидува укинување на учебниците, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Мила Царовска. Кога ќе каже Царовска реформа, мисли на профит и полнење на џебот од тие самопрогласени реформи. Исфрлање на учебници од образованието не е реформа, туку талибанизам. Арогантната министерка Царовска го дефинира отпорот кон наметнатата реформа како огромна поддршка и со тоа продолжува да ги омаловажувa граѓаните. Царовска јавно кажува дека дигитализацијата ќе биде тестирана на учениците од IV одделение без притоа да и одговори на јавноста колку пари ќе чини оваа реформа – велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Царовска е убедливо еден од најнеуспешните министри во владата на СДСМ и време е да си поднесе оставка.