
Купување на луксузни автомобили во ек на пандемија и безпарица со буџетски пари за директорите на Фондот за зравствено осигурување се граничи со лудост и е доказ колку СДСМ се одлепени од реалноста, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицската парија оценува дека е срамно што актуелната Влада вели дека нема пари за набавка на болнички возила, како и за набавка лекови за хронични болни пациенти, но дека има пари „за два ултра луксузни ‘форд мондео титаниум’“ автомобила.
„Стево Крстевски и Фатон Ахмети, двајцата директори на ФЗОМ кои ги купуваат возилата за себе веднаш да го раскинат договорот и со истите пари да набават две болнички возила“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата, исто така, критикува дека истовемено и самата Влада набавува 45 возила за министрите и директорите.
„Ова е врв на расипништво и несакање да се скрати од луксуз во време кога на народот му го земаат лебот од уста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Прашуваат и како ќе се чувствуваат Крстевски и Ахмети кога би седнале во луксузните лимузини, знаејќи дека половина милион луѓе живеат со само 2 евра на ден, 60.000 останаа без работа изминатата година, 6.200 фирми се затворија!?
„Како можат да се луксузираат со народни пари, а на народот да му зголемуваат даноци и да му го земаат и последниот денар?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.