
Претседателот Стево Пендаровски за време на престојот во Италија и посетата на Светaтa Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска во базиликата „Сан Клементе“ положи цвеќе на гробот на Свети Кирил.
Претходно, претседателот Пендаровски имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а се сретна и со државниот секретар на Светaтa Столица, кардиналот Пјетро Паролин.
Пендаровски, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички оддадоа почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј.