
Повеќе нема непоразени селекции на Светското првенство во хокеј на мраз во Рига, откако во четвртокот во четвртоко тколо од Групата А Швајцарија со убедливи 8:1 ја совлада фаворизираната Словачка досега непоразената репрезенатација на турнирот, а во вториот дуел од истата група Чешка со голем пресврт со 4:2 ја совлада Шведска која имаше два гола предност.
Грегори Хофман и Томен Лоефел беа двапати стрелци за Швајцарија, а по еднаш погодина Рафаел Дијаз, Свен Андригето, Тимио Мехер и Филип Курашев. Единствениот погодок за Словачка го постигна Мијал Кростоф.
Во вечерниот дуел од Групата А, Чесите заостанувањето од два погодока против Швајцарците успеаја да го претворат во конечна победа од 4:2 и да побегнат од дното на табелата.
Винерли во 13 и Раели во 16 минута ѝ донесоа на Шведска два гола предност во првата третина. Но по втората третина која заврша без голови, Чесите на почетокот од последната делница двапати полна со нервозни дуели и пресметки на мразот, двапати успеаја да ја искористат предноста од играч повеќе и да се вратат во мечот со погодоците на Врана во 42 и Ковар во 45 минута. Клок во 49 минута ја донесе предноста за Чешка, а победата ја потврди Флек, во претпоследната 59 минута кога Шведска го повлече голманот за да се обиде со играч повеќе во поле да спаси реми.
На врвот на табелата во Групата А се Русија, Швајцарија и Словачка со по 9 бодови, а Чешка скокна на четвртото место со 5 бодови, колку има и Данска. Белорусија и Велика Британија имаат по 4 а последната Шведска 3 бода.
На врвот на табелата од групата Б се проби Финска која со 3:0 ја победи Италија, единствената репрезентација која сѐ уште е без бод. Двапати стрелец беше Сунд, во 7 и 29 минута, а еднаш погоди Руотсалаинен во 9 минута.
Во првиот меч во истата група САД со 4:2 ја надигра Латвија. Првата четвртина заврши со 2:2, Американците двапати водеа со головите на Тенисон и Бојл, а израмнува Индрасис и Крастенбергс. Со головите на Мур и Беиерс, САД дојдоа до третата победа на турнирот.
Финска со 10 бодови се проби на врвот на тебелата во Групата Б, САД и Германија имаат по 9, Латвија и Казахстан по 7, Канада и Норвешка имаат по 3 а без бодови е Италија.