
На денешната Собраниска седница за пратенички прашања пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го праша премиерот Зоран Заев дали со неговата последна изјава во неделникот “Фокус” го штити криминалот на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, и дали со таа негова изјава врши притисок врз обвинителката Вилма Рускоска.
-Денеска сте на насловната страница на “Фокус” каде велите дека немате сомневање дека де се е чисто. Не знам дали сте свесен ама вие со ова му давате легитимитет и институционална покриеност на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски и на неговите дејствија, рече од говорницата Стојаноски.
Според него, премиерот Зоран Заев со изјавата потврдил дека стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер.