Лина Ѓорческа во финалето на фјучрс турнирот во Лиепаја

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа скокна уште една пречка и се пласира во полуфиналето на ИТФ-фјучрс турнирот во Лиепаја, Летонија, вреден 25.000 долари.

Лина не виде мака и во четвртфиналето славеше сигурно против Федерика Арчидиаконо од Италија, совладувајќи ја со 2-0 во сетови (6-1, 6-0). Ѓорческа на противничката ѝ препушти само еден гем.

Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра со Ирина Шиманович од Белорусија или Мален Хелго од Норвешка.