NYT: САД поседуваат податоци кои можат да го откријат потеклото на коронавирусот

Американските разузнавачки агенции имаат извесни податоци со чијашто помош е можно да се утврди вистинскиот извор на појавата на новиот коронавирус SARS-CoV-2, објави во четвртокот весникот The New York Times.

Според сознанијата на весникот, претставниците на разузнавачките агенции сѐ уште не ги проучувале информациите по ова прашање, бидејќи за да бидат подобро сфатени потребна е компјутерска анализа.

Како што се забележува во текстот во NYT, станува збор за податоци како што се движењето на вработеените во лабораториите во Институтот за вирологија во Вухан и природата на избувнувањето на коронавирусот во овој 11-милионски град во централната кинеска провинција Хубеи кон крајот на 2019 година. Покрај тоа, Белата куќа се надева дека американските сојузници ќе успеат да ги поврзат своите разузнавачки мрежи за да се добијат повеќе информации за самата лабораторија и нејзините активности.

Во писмената изјава објавена во средата на американскиот претседател Џо Бајден беше истакнато дека разузнавачката заедница во САД нема доволно информации за да може со сигурност да се каже потеклото и почетокот на ширењето на новиот коронавирус и оти се поделени по две главни прашања: пренесувањето на вирусот од животно на човек и инцидент во лабораторија и „истекување“ на вирусот.

Во врска со тоа, Бајден од американските разузнавачки агенции побара „да ги удвојат своите напори“ со цел да ги проучат сите достапни податоци и да изготват нов извештај кој ќе му биде поднесен за 90 дена. Американскиот претседател се надева дека тоа ќе помогне „да се доближиме до појасен заклучок“ за потеклото на вирусот.

Портпаролот на кинеското министерство за наворешни работи, Жао Лиџијанг, во четвртокот изјави дека ваквите активноста на американскиот претседател укажуваат дека „САД не се грижат за фактите и вистината, не се заинтересирани за спроведување на серозно научно втемелено истраќување на изворите на коронавирусот“ и „ја користат пандемијата како алатка за клеветење, политички манипулации и префрлање на вината“.