
Премиерот Зоран Заев денеска уверуваше дека владата не размислува да воведе кризен данок или сличен нов данок, но се анализираат другите даноци.
– Кризен данок не ни треба сега. Не размислуваме за воведување на нови даноци. пораката е дека ќе обезбедиме стабилни даноци- изјави Заев по отворањето на првиот стартап самит во земјава.
Премиерот рече дека државната каса е во добра кондиција и собирањето на даноците е добро. Тој додаде дека се анализираат другите даноци, но не се размислува за зголемување на стапките.