
Македонската ракометна репрезентативка, Сара Ристовска и ЦСКА Москва во Будимпешта ќе се обидат да го освојат европскиот трон.
Рускиот тим откако испиша историја со самиот пласман на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, сака да направи чекор повеќе да стигне до финалето и сензационално да го заврши ова учество. За противник во полуфиналето ЦСКА го има составот на норвешкиот првак Вајперс Кристијансанд, дуелот е закажан во 18 часот.
Во првото полуфинале во „Пап Ласло Арена“ силите ќе ги одмерат Ѓер и Брест. Унгарскиот тим трипати во низа ја освојуваше титулата во Лигата на шампиони, па и натаму ја има фаворитската улога на оваа завршница, мечот почнува во 15:15 часот.