
Одлуката на Комисијата на Филипче за случајот со родилката Веаповска е показател за упропастениот здравствен систем. Патем оваа одлука во која се утврдува дека единствена грешка во овој случај е запишувањето на полот на роденото дете, а не фактот што родилката после царскиот рез останала без јајник, матка и бубрег, е уште еден показател дека институците сакаат да забошотат трагичен случај на една родилка, за да го заштитат помоќниот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека ова е срамота и дека оваа нечовечка одлука на Комисијата на Филипче очигледно имала политичка задача да го заташка случајот.
– Патем да биде состојбата уште пострашна за истата болница, за истото одделение и за истиот лекар се врзуваат и други трагични случаи за кои нема никаква разрешница. Затоа и ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се повеќе се уверува дека институциите и Филипче преку бирократски процедури сакаат да заштитат очигледно кривично дело на сметка на оштетените пациенти и нивното здравје, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.