Лукашенко скокна во Црното Море пред Путин

Автократскиот лидер на Белорусија, Александар Лукашенко, за време на паузата во разговорите со претседателот Владимир Путин скокна од брод за да се искапе во Црното Море.

-На сите кои се загрижени: Претседателот на Белорусија ја прифати поканата на неговиот руски колега да се искапи во Црното Море. Температурата на водата е плус 16, објави телеграм-каналот „Пул Први“.

Белорусија се соочува со блокада од ЕУ на нивниот авиосообраќај по присилното слетување на авионот на „Рајанер“, кој од Атина леташе кон Вилнус. Во меѓувреме Лукашенко се сретна со Путин, а состанокот траеше повеќе од пет часа, а дружбата продолжи со крстарење на Црното Море.