
Легендарниот центар на Јута, Марк Итон, почина на 64-годишна возраст, објави клубот од Солт Лејк Сити.
Отишол да вози велосипед, а потоа бил пронајден мртов.
Американската полиција соопшти дека еден граѓанин пријавил дека видел човек во бесознание на патот, а според полицијата, нема шанси во несреќата да учествувало друго возило.
Итон помина 12 сезони во Јута, од 1982 до 1993 година, двапати беше прогласен за најдобар дефанзивец на годината.