
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска објави дека се вакцинирал против коронавирус.
Макрон ја објави веста на својот профил на Твитер, но не наведе за која вакцина станува збор.
Vacciné !
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) May 31, 2021
Во декември минатата година тој беше заразен од вирусот со благи симптоми.
За време на пандемијата Макрон постојано ја истакнуваше важноста на вакцинацијата.
„Светот ќе биде поинаков по пандемијата“, нагласи Макрон, кој поттикнува на праведна дистрибуција на вакцините во светот.