
Здравствената комисија којашто ја советува канадската влада за вакцините, во вторникот даде одобрување за промена на вакцината против Covid-19 при примањето на втората доза.
Лицата коишто ја примиле првата доза од вакцината на „AstraZeneca“, којашто се базира на платформата за ткн векторски вакцини, можат или да ја примат втората доза од истиот производител или од вакцините со ткн „гласничка RNK“, односно на „Pfizer/BioNTech“ или „Moderna“, соопшти Националната консултативан комисија за имунизација (CCNI).
На Канаѓаните коишто ја примиле првата доза со ткн „mRNA“, пак, при втората доза би требало да им се понуди истата вакцина, но доколку таа не е достапна може да им се понуди друга вакцина со исто така „mRNA“, според препораката.
„Можноста за замена на вакцината значи дека можете да ја примите првата доза од вакцината и кај другата доза со целосна сигурност да се прими друга вакцина за да се довакцинирате и да обезбедите оптимална заштита од Covid-19“, изјави Хауард Нџу, заменик главен епидемиолог на сојузно ниво во Канада.
Од CCNI додаваат дека при носењето на препораките го имале предвид ризикот од опасните грвни згрутчувања од вакцината на „AstraZeneca“. Но притоа, се изиставени и показателите за истите појави при аплицирањето на вакцината на „Prizer/BioNTech“.
Воедно се истакнува дека ваквото мешање на вакцините може да создаде „можност за краткорочно зајакнување на нуспојавите (…), во прв ред главоболките, чувството на замор и општа слабост“.
Во медицината досега не е непознато комбинирањето на вакцини од различни произведувачи, се применува кон грипот и хепатитисот А, се додава во соопштението CCNI.
Одлуката за спроведувањето на овие препораки се во надлежност на властите на канадските покраини.
Некои покраини во мај одлучија од претпазливост да ја запре примената на „AstraZeneca“ кај лица кои треба да ја примат првата доза поради растот на случаи на тромбоза кои беа поврзувани со оваа вакцина. Но, таа и натаму се применува кај оние кои веќе ја примиле првата доза од „AstraZeneca“ и сакат и втората доза од истата вакцина.