
Македонија нема да биде само обичен учесник на Европското првенство и ќе има што да презентира и против Австрија и со Украина и Холандија во Ц групата, вели селекторот на Словенија, Матијаж Кек.
„Не е само што селекцијата на Македонија ми е симпатична, туку има и квалитет да се натпреварува на ЕП. Покажаа и вечерва, а секако и птретходно, најмногу со победата против Германија. Бидете без гајле, Горан Пандев и соиграчите нема да разочараат на турнирот Вечерва одигравме две различни полувремиња, но задоволни сме со исходот на натпреварот. И посакувам на Македонија успех на Европското првенство. Видливо беше по реакцијата на играчите дека е крај на сезоната“, изјави Кек.
Словенците се спасија од пораз соголот на Диомен Чрнигој во 97. минута, откако Елиф Елмас ни донесе предност од 1:0 по прекрасната акција со Езџан Алиоски во 55. минута.