Судијата Реџепагиќ купил хотел во Дојран за 5.000 евра?

На фејсбук страницата Скандал, се објави информација поткрепена со документи во кои се наведува дека зетот на судијата Седат Реџепагиќ, купил фирма која поседува хотел во Дојран за само 5.000 евра.

„Дали зетот на судија Реџепагиќ со плата од минималец во последните години, за само 5.000€ купува фирма со хотел “Атлантик” од Дојран од извесен Синиша М., фирма која вреди милиони. Нотар на договорот, сестрата на Реџепагиќ. Која е улогата на братот и сестрата во ова?
Дали Реџепагиќ стои позади овој милионски сомнителен бизнис?
Ќе истражи ли некој дали има сомнително потекло на имот?

Документи од свиркачи во прилог“, стои во објавата.

На барање на поранешното СЈО, токму судијата Реџепагиќ, заедно со колешката  Весна Димишкова, ја донесоа одлуката за замрзнување на 69 недвижнини во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ. Изречената мерка ги опфати сите штабови на ВМРО-ДПМНЕ во сите градови низ Македонија. Меѓу нив е и партиското седиште во центарот на Скопје, наречено палата „Христо Татарчев“.