ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е фараонот на лажните ветувања

Петре Шилегов пред 4 години кога лажно ветуваше кули и градови се правеше фараон. Граѓаните ги паметат ветените мостови, зип-лајн, тунел, реконструкција на езерото Треска и какви не други капитални инвестиции, кои останаа мртво слово на хартија, стои во реакцијата на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје на изјавата на Петре Шилегов.

Од советничката група велат дека целиот овој мандат како фараон трошел скоро пола милијарда евра а немаме едно капитално нешто кое што ќе остане.

„Граѓаните од фараонот Петре не очекуваа пирамиди, туку очекуваа да го направи барем пола од тоа што го вети. Шилегов стана фараонот на лажните ветувања. Лагата, неспособноста и неработењето се неговиот белег кој тој ќе ја остави зад себе“, додаваат од советничката група.