Македонец го демолирал споменикот на Хан Аспарух во Бугарија, полицијата го привела

Мекедонец е приведен од бугарската полиција во својот стан во градот Левски поради тоа што го урнал споменикот на Хан Аспарух, објави бугарскиот весник „Труд“.

Вандалскиот чин бил извршен во раните утрински часови во неделата. Соборувањето на споменикот било снимено од камерите и вработени во општината кои ја кренале плочата, но не ја известиле полицијата.

Локалните жители сметаат дека мотивот на Македонецот бил „омраза кон сè бугарско“, пишува „Труд“.

Тие предлагаат, ако се докаже тоа и ако странецот има и бугарско државјанство, тоа да му биде одземено, а бараат и тој да ги покрие трошоците за повторното поставување на споменикот.