
Македонскиот кошаркарски тим ТФТ и следната сезона ќе биде дел од регионалната БИБЛ-лига, соопштија од натпреварувањето.
Екипата од Тафталиџе минатата сезона беше дебитант во ова натпреварување и во македонскиот шампионат, а во БИБЛ дојде до втората фаза. Нашата земја се очекува да има две места во новата сезона, а еден од тимовите ќе биде ТФТ.
За останатото место постои интерес од повеќе екипи од нашата земја, па допрва ќе се одлучи кој ќе биде вториот претставник.