
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала во 17:06 часот ја стресе Грција, известува ЕМСЦ.
Епицентарот бил на длабочина од 38 километри и 15 километри јужно од градот Аигло и 28 километри југоисточно од градот Патра.
Досега не е пријавена штета.
Ова е еден од серијата земјотреси што го погодија Балканскиот полуостров во изминатиот период.