Извисениот Шилегов за градоначалник се скарал со Заев, Петре е против поддршката на кандидат на ДУИ

Шилегов со сите сили се бори да ја добие кандидатурата на СДСМ за уште еден градоначалнички мандат во Скопје. Но откако Али Ахмети излезе со изјава дека деновиве ќе соопшти нешто големо, а и онака во кулоарите се зборува, дека ДУИ и СДСМ ќе исфрлат заеднички кандидат за градоначалник на Скопје, бидејќи сопосебни кандидати имаат губитничка позиција.

Според оваа математика, Шилегов отпаѓа од комбинација, а како најоптимален кандидат, барем засега, се спомнува поранешниот министер Имер Селмани.

Од друга страна, по изјавата на Али Ахмети настанала кавга во СДСМ, затоа што тој претендира на градоначалник Албанец, а молчешкум Заев тоа го поддржува.

Во СДСМ се врти муабет дека Шилегов му рекол на Заев оти му го ветил градонацалничкото место. А, Заев му вратил дека нема резултати. На тоа се надоврзува шушкањето за наводни криминали кои ги има опозицијата а власта се плаши. Шилегов, како што се вели во кулоарите на СДСМ, му рекол на Заев дека тој може да победи, а вака ДУИ кќ го држи на краток синџир СДСМ.