
Комуникациската платформа на Доналд Трамп е трајно затворена, изјави неговиот портпарол за CNBC.
Платформата наречена „Од масата на Доналд Трамп“ беше лансирана минатиот месец и беше начин поранешниот претседател да објавува своја сопствена содржина, вклучувајќи соопштенија за медиуми и видеа, наведува Би-Би-Си, потсетувајќи дека на Трамп му е забранет пристап до Фејсбук и Твитер по немирите во Капитол.
„Од масата на Доналд Трамп“ имаше дел на официјалната веб-страница на поранешниот претседател, но сега е отстранет.
Портпаролот преку Твитер потврди дека ова е најава за враќање на г. Трамп на социјалните мрежи, иако не е јасно кога и како тоа ќе се случи.