5.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Шакира проговори за депресијата: Децата не можеа да ме гледаат

Латино ѕвездата Шакира имала сериозни проблеми со гласните жици пред четири години и дури сега проговори за тој тежок период.

“Никогаш не мислев дека, од сè, мојот глас, кој е толку вкоренет во мојата природа, ќе ме напушти. Тоа е мојот идентитет, а невозможноста за пеење беше неподнослива”, изјави Шакира за „Гардијан”.

Таа откри како се чувствувала кога станала депресивна.

“Беше многу тешко да се биде околу мене, мојот сопруг го проживеа тоа полошо од мене. Неколку дена не можев ни да станам од кревет затоа што дозволив депресијата да ме совлада. Децата не можеа да ме гледаат затоа што не знаеја што ми се случува“, рече таа.

Лекарите ја советувале да оди на операција на гласните жици, но нејзиниот глас се вратил пред да замине под нож. Поради проблемите со гласните жици, таа морала да ја одложи турнејата во Ел Дорадо во 2018 година, кога целосно се опоравила.