
Србија секогаш е подготвена на разговори и компромис но никогаш на понижување, порача во петокот српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорот со високите фукционери на САД и на Европската унија, најавувајќи дека дијалогот за поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија наскоро ќе биде продолжен и дека станува збор за „денови а не за седмици“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ раговорите со специјалните претставници на САД и на ЕУ во преговорите за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Метју Палмер и Мирослав Лајчак, ги оцени како „коректни“, истакнувајќи дека Србија не сака замрзнат конфликт, ниту сака да им ги истава конфликтите на идните генерации.
Вучиќ рече дека на состаникот со Палмер и Лајчак во четвртокот „повеќепати повторил дека Србија не се залага за смрзнат конфликт“.
„Подготвени сме да разговараме за компромисните решенија, но не и за понижување на Србија“, рече Вучиќ истакнувајќи дека за дијалогот со Приштина има волја да дискутира и со вонпарламентарната опозиција.
Вучиќ оцени дека за српските власти идат „денови кои нема да бидат лесни“, во пресрет на очекуваните разговори со челниците на косовските Албанци.
„Одам во Брисел на разговори со Албанците, се наведам дека ќе имаме доволно мудрост и поддршка да направиме добри работи за нашата земја“, рече Вучиќ во обраќањето за српската јавност.
Истакна дека „Србија целосно е подготвена за дијалог“ за исчезнатите Албанци во текот на воените судир, но бара „истата таа одговорност да ја покажат и кон Србите убиени на Косово и Метохија“.
Зборувајќи за српските евроинтеграции, Вучиќ оцени дека Србија „на европскиот пат направи многу во сите сфери“, а особено во владеењето на правото, поради што се надева дека во јуни или во септември тој напредак на Србија ќе го признаат и државите членки на ЕУ.
„Не би го нарекол тоа награда, туку почитување за она што во претходниот период е направено“, рече Вучиќ.
Србија минатата година не отвори ниедно поглавје во преговорите со Европската унија, но го прифати новиот принцип на вреднување на постигнатите резултати низ оценувањето по кластери.