Четириесетгодишен скопјанец меѓу шесте нови жртви на Covid-19, 29 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на зараза за коронавирусот, а во истиот период потврдени се уште шест нови смртни исходи како резултат на компликациите предизвикани од коронавирусната болест Covid-19, соопшти во саботата Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Досега во Македонија од почетокот на епидемијата со направени вкупно 811.693 тестирања на Covid-19, потврдени се 155.407 заразени. Од тоа оздравени се 148.960 пациенти, а починале 5.448 лица. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 999.

Од регистрираните 29 нови случаи во Скопје се 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово – по 2, Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно шест починати лица: по едно лице од Скопје (40г), Куманово (78г), Прилеп (95г), Тетово (54г), Штип (61г) и Струмица (73г). Од пријавените,едно лице е починато во домашни, а останатите 5 во болнички услови.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68563, Активни 395
Куманово 8843, Активни 109
Прилеп 8309, Активни 56
Тетово 7219, Активни 43
Битола 6298, Активни 51
Велес 5469, Активни 11
Гостивар 5179, Активни 28
Кавадарци 5153, Активни 8
Охрид 5008, Активни 53
Штип 4959, Активни 15
Струмица 4111, Активни 36
Струга 2981, Активни 23
Кочани 2789, Активни 12
Кичево 2568, Активни 40
Гевгелија 2194, Активни 9
Неготино 2184, Активни 8
Свети Николе 1523, Активни 9
Ресен 1234, Активни 9
Крива Паланка 1219, Активни 3
Радовиш 1160, Активни 23
Берово 1029, Активни 2
Делчево 972, Активни 10
Дебар 940, Активни 1
Виница 884, Активни 19
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 2
Крушево 490, Активни 4
Демир Хисар 400, Активни 6
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 9
Македонски Брод 359 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 3
Дојран 132, Активни 0