Канада и Финска за титулата светски првак во хокеј на мраз

Канадската и финската хокеарска селекција ќе игаат во финалето на Светското првенство во елитната грипа во Рига, што ќе биде реприза на финалната пресметка во 2019 година.

Финците ја победија Германија со 2:1 (2:0, 0:1, 0:0), со што актуелните светски прваци во неделата ќе имаат шанса за четвртата титула по 1995, 2011 и 2019 година. Од друга страна, Германија во своето второ полуфиналето по 2010 година се поразен а во пресметката за бронзата против САД ќе настојуваат да дојдат до првиот медл уште од 1953 година.

Во неделта ќе биде реприза на финалето од претходниот хокеарски мундијал во 2019 година, кога Финците беа подобри од Канаѓаните, а светските прваци, слично како и против Чешка во четвртфиналето покажаа тактичка игра во која иницијативата им ја препуштија на противниците, но немилосрдно ја казнуваа секоја нивна грешка.

Финците ја добија првата третина со 2:0, благодарејќи на грешките на германскиот голман Матијас Нидербергер кому во 14 минута по еден удар на Иеа Пакариненен пакот му се излизга меѓу бозета, а во 19 минута отако неговите соиграчи го загубија пакот во одбранбената третина од теренот и Ханес Бјорнинен погоди за удвојување на водствот. Германците возвратија во втората третина со погодокот од сината линија на Маријас Плахт, а до самиот крај напаѓаа и притискаа, но цврстата финска одбрана не попушти.

Канаѓаните во првото денешно полуфинале со 4:2 (1:1, 1:0, 2:1) го победија Америакнците. Канада до последниот натпревар од фазата по групи стравуваше дали ќе го избори четвртфиналето, но во недела ќе се бори за златото. Против својот најголем ривал САД, Канаѓаните во Рига веќе беа поразени со лесни 1:5, но во саботата ја покажаа вистинската вредност и се пласираа во своето петто финале во последните шест години.

Канада мечот го започна со брзиот гол уште во 3 минута кој го постигна Брандон Пири, но пред крајот на првата третина израмнни Колин Блеквел. Но Канаѓаните го имаа Ендрју Манџапане, еден од најдобрите играчи на ова Светско првенство кој го совлада противничкиот голман Кал Петерсон во 25 и 41 минута, кога со својот седми погодок во Рига ја донесе предноста од 3:1. Александр Саша Хмелевскиј во 44 минута им ги врати надежите на Американците, но сите дилеми ги разреши Џастин Данфорт со погодокот за Канада во последната 60 минута.

Дуелот за бронзата САД – Германија се игра в недела во 14,15 часот, а големото финале Канада – Финска е закажано за 19,15 часот.