Тетовец смртно настрада во сообраќајка во струмичко предизвикана од радовишанец

Возрасен маж од селото Милетино, општина Брвеница крај Тетово, починал по здобиените повреди во сообраќаен инцидент кој се случил во петокот околу 22 часот близина на крстосница со патот кој води за селото Сушево во струмичко.

Несреќата се случила во струмичкот село Владевци кога мотоциклот „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, кој го управувал 50-годишниот Т.Т. од Радовиш, удрил во 70-годишниот пешак К.Ѓ. тетовско Милетино.

Притоа, пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Медицинскиот центар Струмица. Мотоциклистот, пак, се здобил со повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица.