УЕФА го намали наградниот фонд на ЕУРО

Европската фудбалска асоцијација УЕФА го намали наградниот фонд за претстојното континентално натпреварување од 371 на 331 милион евра, но и ваквиот фон е најголем во историјата на европските првенства.

Досегашниот рекорд изнесуваше 301 милион евра, колку што подели 24-те учесници на европското првенство кое во 2016 година во Франција.

За самото учество на првенството секоја репрезентација заработи 9,25 милиони евра, учесниците во осминафинаелто ќе добијат дополнителни 1,5 милиони наместо првично предвидените по два милиона евра, за четвртфиналето ќе се заработат дополнителни 2,5 милиони наместо претходно предвидените 3,25 милиони евра, полуфиналето чини уште 4 напесто првичните 5 милиони евра.

За финалето ќе се заробат уште 5 милиони наместо 7 милиони евра, а тутулата носи 8 неместо првично предвидените 10 милиони евра. Така, идниот првак може да заработи 28,25 милиони евра.

 

Развој на паричните награди во ЕУРО

година – број земји – награден фонд

1996 – 16 – 57,05 милиони евра
2000 – 16 – 74.42
2004 – 16 – 127.80
2008 – 16 – 184.00
2012 – 16 – 196,00
2016 – 24 – 301,00
2021 – 24 – 331,00